Јазикот е единствената наша татковина.
Во нашето училиште го одбележавме 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Преку прекрасни литературни творби, инспиративни цртежи и едукативни реферати, нашите ученици покажаа дека јазикот е богатство што треба постојано да се негува.
Од преводи на познати мисли до креативни паноа – секој агол од училиштето зборуваше на најубавиот јазик, оној на знаењето и почитта кон традицијата.
Со радост ја истакнуваме посветеноста на нашите ученици, кои покажаа дека јазикот е темелот на нашиот идентитет!













Поврзани содржини