ИГРАМЕ ОД СРЦЕ ЗА АЛЕК – ПОБЕДА СО ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ!
На 28.04.2026 г. во ООУ „Вера Јоциќ“ се одржа петтиот меморијален турнир „Играме од срце за Алек“, во организација на Општинскиот сојуз на училиштен спорт – Гази Баба. Со овој настан уште еднаш покажавме дека Алек засекогаш останува дел од нас.
Во конкуренција на 12 училишта од општина Гази Баба, нашите третоодделенци покажаа одлична подготвеност на натпреварот во „Полигон“ и заслужено го освоија:
ПРВОТО МЕСТО!
Честитки до нашите мали атлетичари и нивниот одговорен наставник Томислав Спасовски.
Оваа победа ја посветуваме на пријателството и спомените кои не се забораваат








Поврзани содржини