Брзина, вештина и спортски дух!
🏆 Одличен успех на спортскиот полигон! 🏃♂️
Учениците од III одделение од нашето училиште учествуваа на спортски полигон во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, кој се одржа во ООУ „Вера Јоциќ“ – Хиподром.
Нашите ученици се истакнаа со одлични спортски вештини и го постигнаа најдоброто време во првиот дел од натпреварувањето! 🥇
Под раководство на одговорниот наставник Томислав Спасовски, нашите мали спортисти покажаа труд, тимски дух и вистинска спортска енергија.
Браво за сите! Продолжете да нижете успеси! 👏



















Поврзани содржини