Ова е поважно од сите петки во дневникот!
❤️ Трка за знаење, а не за оценки – Вредности кои се паметаат
Моите деца не се одлични ученици. Немаат чувство дека тоа е сè што се очекува од нив, па приоритетите си ги одредуваат сами. Мачно ми е секое одење на родителска средба кога наставничката насамо ќе ми рече: „Стиснете ги малку“. Стискам, но посилно да стискам не умеам. Што воопшто значи тоа?
Во еден момент сфатив дека сакам и очекувам да го постигнат мојот успех од училиште, но тие не се јас. Додека сум на работа, тие ја завршуваат домашната, а потоа прават сосема неверојатни работи. Тоа се нивните златни пехари, со моето име изгравирано на нив: ✨
• На празниот стомак заштедија од ужината за да ми купат свеќички и да ми испечат торта за роденденот.
• Ги поправаа разлабавените фиоки, кваките и сами ја средуваа терасата. 💡
• Ме дочекуваа со омилените песни, ладен сок, искрени прегратки и напишани поезии.
• Сами ја менуваа постелнината, го бањаа кучето, помагаа на другарчињата и се грижеа за мене кога бев болна.
Нивните добри дела ги прават најголеми личности во мојот живот. Во домот направив расадник на квалитетни и емпатични луѓе кои ќе се снајдат во животот каде и да се – а тоа не може да го замени ниту една петка од математика, физика или хемија. 👏
(Автор: Сандра Тодоровиќ / Извор: Рингераја)







Поврзани содржини