ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

16 Ноември – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Денес го одбележавме „МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА”.

Денес низ нашето училиште ширевме љубов и насмевки , повикувавме на почит, разбирање, прифаќање, сослушување, трпение, поддршка , другарство, хуманост и ненасилство.

Упативме порака дека толеранцијата не е израз на слабост и отсуство на карактер – ТОЛЕРАНЦИЈАТА Е ВОЛЈА И СПРЕМНОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ И ПРИФАТИМЕ РАЗЛИЧНИТЕ ОД НАС!

Учениците од осмо одделение заедно со нивната наставничка Магдалена Павлеска во рамките на предметот Граѓанско образование , изработија пано за толеранцијата и пораки во облик на срце кои на големиот одмор ги изложија во училишниот хол и им ги поделија на своите соученици.

Пораки за толеранција учениците делеа и на жителите на нашата населба, а воедно и ги прашаа што за нив претставува толеранцијата и дали практикуваат толеранција.

На овој ден кога се потсетуваме зошто е потребно да ги прифатиме и почитуваме различностите, повикуваме на секојдневно практикување на ТОЛЕРАНЦИЈА!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.