ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Мултикултурализмот во  oбразованието

📚 Успешно завршен проект „Мултикултурализмот во образованието“ ✨

Уште еден успешно завршен заеднички проект со училиштето ООУ „22 Ноември“! Успеавме да создадеме книга со наши лични литературни творби, напишана на македонски и албански јазик.

Им благодариме на сите наши соученици, другарчиња и наставнички кои ни помогнаа да го реализираме овој предизвик. Промоцијата на книгата се одржа на свечена приредба на 3 јуни 2025 година во просториите на ООУ „22 Ноември“.

Голема благодарност до Министерството за образование и наука (МОН) за поддршката и грантот за реализација. Благодарност и до директорките на двете училишта, Адријана Младеновска (ООУ „Дане Крапчев“) и Сузана Курбардовиќ (ООУ „22 Ноември“), кои несебично се заложија за сите активности.

Најголема благодарност упатуваме до координаторите на проектот – наставничката Роза Јаневска од нашето училиште и Дитурие Сејфедини од ООУ „22 Ноември“, кои цело време беа наша најголема поддршка и мотивација! 🤝

Благодарност и до Тимовите за МИО од двете училишта: наставничките Марина Пејковска (информатика), Елена Малинова (македонски јазик) и Жаклина Атанасовска (библиотекар).

Не само што издадовме сопствена книга, туку запознавме нови другарчиња, се стекнавме со трајни вредности како почит, толеранција и заедништво и разбравме дека различноста е прекрасна и треба да се негува. 💡

Одговорен наставник и реализатор на проектот: Роза Јаневска – наставник по историја 👏

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.