Ученичка квизотека 2026/27 – Знаење на дело!
🏆 Ученичка квизотека 2026/27
На 29 октомври, во Детскиот културен центар „Карпош“, се одржа „Ученичка квизотека 2026/27“, на која нашето училиште го претставуваа Ангелина Трпковска (IX-1), Меланија Георгиевска (IX-2) и Јана Ангелоска (VIII-3). 📚
Нашите ученички се натпреваруваа со врсниците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Гази Баба и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром, покажувајќи знаење, снаодливост и одлична тимска соработка. Во квизот учествуваат ученици од 53 училишта во Скопје, што го прави ова искуство уште позначајно. 💡
Им честитаме на Ангелина, Меланија и Јана за учеството и успешното претставување на нашето училиште! 👏











Поврзани содржини