ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Започна новата сезона на FIRST LEGO League N. Macedoniа

🤖 Возбудлива авантура: Нашето училиште и тимот ОСЕТРА по трети пат во FLL! 🌿✨

На 30 октомври се одржа менторски состанок во организација на Robotics & Innovation Academy, на кој присуствуваа нашите наставнички Марина Пејковска, Лиле Сарваноска и Билјана Стојановска. Со ова, нашето училиште и тимот ОСЕТРА официјално започнуваат уште една инспиративна сезона! 🚀

Овогодишната тема BIOGLOW нè води во светот на биолошката разновидност, поттикнувајќи ги учениците преку наука, технологија, роботика и креативност да истражуваат и да создаваат иновативни решенија за зачувување на природата. 🌱

На целиот тим му посакуваме успешна сезона исполнета со љубопитност, нови знаења и многу убави моменти! 🏆

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.