Ученичкиот парламент создаде слатка приказна во фабриката „Винчини”!
Денес бевме гости на срдечни домаќини. Низ игри се едуциравме, се забавувавме и се наградувавме. Имавме исклучителна можност да влеземе во „Срцето на Винчини” и да видиме како се создаваат Винчини производите.
Новогодишните пакетчиња беа неизбежен подарок за секој од нас!
Голема благодарност до срдечниот тим на „ Винчини” кои не воодушеви со гостопримството, условите за работа, едукативните работилници и подароците.
Благодарност до нашите наставнички Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска кои ни ги организираат овие интересни патувања.
Благодарност до нашата директорка Адријана Младеновска која секоја наша идеја ја поддржува и ни овозможува да ја реализираме онака како што сме ја замислиле.
Нашиот Ученички парламент и во 2024 година ќе продолжи да патува и да создава несекојдневни спомени!!!




















Поврзани содржини