Прво место за нашите кошаркари од V одделение
ДЕНЕС ГОРДИ СМЕ НА ПРВОТО МЕСТО на НИВО на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ОСВОЕНО од НАШИТЕ КОШАРКАРИ од V одделение, предводени од наставникот по физичко и здравствено образование ТОМИ СПАСОВСКИ.
На ден 21.12.2023 г. во ООУ „Кирил и Методиј”- Стајковци, се организираа натпревари во кошарка за учениците од 5-то одделение под мотото: „Кошарката моја игра” каде учество земаа ученици од сите основни училишта од Општината.
Целта на оваа активност е промоција на кошарката како спорт и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари.
Во прилог првопласираните три екипи:
1 место ООУ „Дане Крапчев”
2 место ООУ „Вера Јоциќ”
3 место ООУ „Крсте Мисирков”










Поврзани содржини