Училишно – родителска соработка
🎄 Новогодишна работилница со родителите ✨
На 12.12.2016 година (понеделник), со почеток во 17 часот, во соработка со родителите се одржа новогодишна работилница. Во неа учествуваа 11 ученици и 11 родители. ✂️
Целата училница беше украсена со прекрасни новогодишни декорации и заеднички изработки. Беше голема чест и задоволство да се соработува во весела и пријатна атмосфера.
Почитувани родители, во мое име и во името на нашите ученици, ви благодариме за вашето учество и придонес во животот и работата на училиштето! 👏
Одделенски наставник: Светлана Пешовска








Поврзани содржини