ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Успешно завршена активност :„Подари книга„

На 28.10.2019 г. во холот на  ООУ„Дане Крапчев„ се одржа изложба на донираните книги кои во месецот на книгата беа собрани во акцијата што се спроведуваше   под мотото: „Подари книга на другарите твои, со нив сподели знаења свои„; „Прочитав јас,прочитај и ти„. Над 400 книги беа донирани од учениците и наставниците во училиштето и истите беа изложени каде на сите ученици, родители и наставници им се даде можност да ги разгледаат и да ги користат позајмувајќи ги од училишната библиотека каде што ќе се чуваат.

На најголемите донатори,ученици и наставници, им беа поделени благодарници од директорот на училиштето.

Преку оваа успешно завршена активност учениците упатија порака до нивните соученици дека читањето книги е како сонување со отворени очи,не постои поубав мирис од мирисот на стара, добра книга,- па затоа доколку сметате дека некоја книга е стара, не ја фрлајте, подарете  ја некому или пак оставете ја во најблиската библиотека,таа таму повторно ќе се роди!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.