Заедно го боиме светот во сино! – Светски ден на аутизмот
Денес во нашето училиште со многу љубов го одбележавме 2 Април – Светскиот ден на аутизмот. Преку креативни работилници, учениците научија дека прифаќањето и поддршката се клучот за едно среќно детство.
Во II-1 одделение: Под мотото „Заедно со тебе ќе ми биде полесно да обоиме сино“, учениците создаваа со помош на наставничката Катерина Димовска, асистентката Милена Алексовска и дефектологот Марија Трипуноска.
Во IV-4 одделение: Наставничката Стефани Тупоска и асистентката Марија Петровска низ презентација и разговор ги поттикнаа учениците да изработат плакат со порака: „Различни сме, но сите сме важни!“
Учиме за емпатијата, ги прифаќаме различностите и се поддржуваме едни со други!










Поврзани содржини